Стефан Стојановиќ е петтопласиран на ЕП во карате

Стефан Стојановиќ (+84 кг) е петтопласиран на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага-Чешка, во У-21, откако загуби 3-5 од Французинот Уго Хеим во борбата за бронзениот медал.

Да потсетиме дека Љупче Михајлов го круниса дебитанскиот настап со бронзен медал на ЕП. Михајлов во борбата за бронзениот медал го Август Рамос од Италија со 3-1.

Преостанува уште настапот на ката тимот кадети јуниори мажи за бронза.

На Европското првенство настапуваат 1084 натпреварувачи од 48 држави.

Резутати – Европско првенство кадети, јуниори и У-21:
У-21
+84
Стефан Стојановиќ – Анес Бостанџиќ (БиХ) 3-1
Стефан Стојановиќ – Константинос Папастергиос (Германија) 3-0
Полуфинале
Стефан Стојановиќ – Томас Коса (Словачка) 3-8
За бронза
Стефан Стојановиќ – Уго Хеим (Франција) 3-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО