Љупче Михајлов се закити со бронза на ЕП во карате (ВИДЕО)

Љупче Михајлов го круниса дебитанскиот настап со бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага-Чешка.

Михајлов во борбата за бронзениот медал го совлада Август Рамос од Италија со 3-1.

„Среќни сме за медалот на Љупче. Тоа е потврда дека работата се исплаќа, а уште погорди сме што смогнаве сили и го испративме на Европското првенство со наши средства“, вели братскиот тандем Сашко и Жарко Арсовски.

КФМ има одредба со која треба да се рефундираат парите на тие што ќе освојат медал. Но, Арсовски велат дека многу пати до сега не се исплатени такви побарувања од федерацијата.

На Европското првенство настапуваат 1084 натпреварувачи од 48 држави.

Јуниори
-68 кг
Љупче Михајлов – Махмуд Алмал (Луксембург) 8-0
Љупче Михајлов – Бенце Силаџи (Унгарија) 5-3
Љупче Михајлов – Андреас Ниц (Австрија)
Љупче Михајлов – Мераб Сурманидѕе (Турција) 2-0
Полуфинале
Љупче Михајлов – Гилерме Гонкалвес (Португалија) 1-1
За бронза
Љупче Михајлов – Август Рамос (Италија) 3-1

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО