Стефан Штерјов го освои петото место на Европското првенство во Ѓер

Во борбата за брозениот медал Стефан Штерјов (-41 кг) загуби од Павел Доменте од Ерменија со туш во првата рунда. Шетрјов го зазеде петото место на Европското првенство за пионери во Ѓер, Унгарија.

Штерјов тргна во акција, а противникот го одби нападот и направи контра која резултираше со 5-0 и туш.

Претходно Штерјов (-41 кг) во осминафиналето го совлада Латвиецот Александрс Сникоренко 6-0 и во 1/4 финалето Себастија Индицки од Полска со технички туш 10-0. Во полуфиналето е поразен од Николози Сантеладѕе од Грузија со 0-10.

Реџеп Поцеста е вториот наш претставник кој ќе се бори за бронзениот медал.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО