Реџеп Поцеста со челинџ ја изгуби бронзата на ЕП (ВИДЕО)

Реџеп Поцеста (48 кг) го освои петото место медал на Европското првенство за пионери во Ѓер, Унгарија. Во борбата за бронзата против Бугарниот Станислав Минчев поведе со 4-0 по една одлична акција, но потоа бугарскиот борач намали на 4-2, а со челинџ судиите утрдија дека имало туш, па борбата беше прекината.

Штета за Поцеста, можеше и повеќе.

Поцеста во осминафиналето беше совладан со тенички туш (10-0) на Мушег Мрктчјан од Ерменија, кој се пласира во финалето и му овозможи борба во репасажот, а нашиот репрезентативец ја искористи и го победи Лаурениу Ракоси од Романија со 12-1 (ТТ).

Стефан Штерјов (-41 кг) го освои петото место откако загуби во бробата за бронзениот медал од Ерменецот Павел Доменте со туш во првата рунда.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО