Сргеј Ковалев во сабота ја брани титулата! Погледнете ги неговите најдобри нокаути! (ВИДЕО)

Сергеј Ковалев
Сергеј Ковалев

Сергеј Ковалев во саботата ја има првата одбрана на титулата, откако по победата над Бернард Хопкинс стана светски шампион во полутешка категорија во три верзии. По овој редослед погледнете ја компилацијата на неговите најдобри настапи. 

Жан Паскал (01-02-29, 17 КО) е канадски боксер кој ќе се обиде да го исмне од тронот големиот Ковалев (26-0-1, 23 КО) и тоа во сабота, кога ќе се одржи мечот во Канада во Монтреал. Тоа ќе биде прва одбрана на неговите три појаси, откако во ноември го победи Бернард Хопкинс и на ВБО шампионската титула ги додаде и оние на ИБФ и ВБА верзија.

Ковалев е голем фаворит, а Хопкинс е првиот боксер кој издржал 12 рунди против него, во последните четири години, пред овој натпревар, дури 13 пати по ред победи со нокаут. Паскал, исто така, два пати се борел против Хопкинс, при што забележа еден пораз и еден нерешен резултат. Освен од Хопкинс, има пораз и од најдобриот светски боксер во суперсредна категорија, Карл Фроч.

ХБО Боксинг по овој пат одлучи Ковалев дополнително да ни го претстави преку прекрасното видео со неговите најдобри удари. Уживајте!

http://youtu.be/22owaSnsb54

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО