Лаила Али: Мене ниту една жена не може да победи, па ниту Ронда Русеј!

Али Лаила
Али Лаила

Екипа на TM7 Спортс ја искористи можноста да ја праша Лаила Али  за „мечот на векот“, но исто така и за Ронда Русеј. Особено интересен беше одговорот на второто прашање, при  што Лаила изјави дека мисли оти ниту една жена во светот не може да ја победи. 

Една од најдобрите боксерки во историјата (24-0, рекорд) и ќерка на легендарниот Мухамед Али, Лаила Али, беше запрашан дали ќе присуствуваа на бокс „мечот на векот“, односно на борбата меѓу Пакијао и Мејведер. Таа рече дека средбата ќе ја гледа дома, а тоа го објасни вака: „За некои луѓе тоа претставува нешто, тие се чувствуваат како тие треба да бидат таму, но јас не. Во тој меч ќе уживам дома со моето семејство и од мојот кауч“.

Но, кажа кој е нејзиниот фаворит, а, исто така, мисли дека тоа е мислење и на нејзиниот татко. „Ние ќе навиваме за Флојд, бидејќи секогаш сме на страната на техничките боксери, а тој е неверојатен талент. Го ценам Мани и неговата моќ и динамика, но тој не е толку квалитетен боксер како Флојд“.

 На крајот и го поставија прашањето и за Ронда Русеј. Поранешнат шампионка (37 години) даде интересен одговор: „Не можам да го споредувам тоа, бидејќи ниту јас сум ММА борец, ниту, пак, Ронда е боксерка, но ниту една жена во светот не може да ме победи, а камоли Ронда Русеј. Па таа е висока колку мојата тригодишна ќерка“.

Лаила последниот меч го имаше во 2007 година, а во кариерата ги победи сите свои противнички, притоа 21 борба од 24 славеше со нокааут. Мали се шансите дека може да се врати во каковбило боречки спорт, но, сигурно беше интересно да се слушне нејзиното мислење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО