Сребрени медали за Ајан Муареми и Јасин Камбери на Балканското карате првенство за деца во Бар

Вториот ден на Балканското карате првенство за деца во Бар, Црна Гора, Македонија освои две сребра. Медалите ги освоија Ајан Муареми и Јасин Камбери.

Со вчерашните три бронзи Македонија има псвоено вкупно пет медали.

Медалите ги освоија:

Ајан Муареми -35 кг до 10 години, борби  – сребрен медал

Ајан Муареми – Јоанис Цимпос (Грција) 0-0
Ајан Муареми – Борна Хасановиќ (Хрватска) 8-0
Ајан Муареми – Тодор Тодиќ (БиХ) 4-2
Ајан Муареми – Али Ејмен Јесилбаш (Турција) 1-0
Финале
Ајан Муареми – Кузеј Динлер (Турција) 0-6

Јасин Камбери +50 кг до 11 години, борби – сребрен медал

Јасин Камбери – Рејан Хардоли (Црна Гора) 2-0
Јасин Камбери – Омер Ебру (Турција) 8-1
Јасин Камбери – Меритон Зејнели (Македонија) 3-2
Финале
Јасин Камбери – Филип Илинчиќ (Црна Гора) 0-2

Вчера со медали се закитија Милла Николова во борби +50 кг до 12 години (4 победи и 1 пораз), Тодор Сутинов во кати за деца до 11 години
и Верон Дервиши во кати за деца до 12 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО