Сребрен медал за Виктор Крстевски

Крстевски на БП

Во борбата за златниот медал во категоријата до 84 килограми, Виктор Крстевски, загуби од Милош Јовановиќ од Србија со 4-2.

Сепак, за каратистот на КК Металург ова е голем успех, зашто брилијатно се избори до финалето, а со малку повеќе среќа ќе го освоеше и златниот медал.

Крстевски на патот до финалето ги совлада Дамир Зидар од Босна и Херцеговина,откако борбата заврши 1-1 судиите победата му ја доделија на нашиот репрезентативец. Потоа се редеа победите над Александар Шестаков (Србија) 5-3, Садик Садик (Бугарија) 3-0 и Мерис Муховиќ (БиХ).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО