Виктор Крстевски ќе се бори за златниот медал на Балканското првенство!

Viktor Krstevski

Виктор Крстевски е во финалето на Балканското првенство во Чачак, Србија, и ќе се бори за златниот медал против домашниот каратист Милош Јовановиќ во категоријата до 84 килограми. Со бронзени медали се закитија Дејан Црничиќ (-67 кг), Наташа Стефановска (-61 кг) и во кати поединечно Пуликсенија Јовановска и Фери Исиќ.

Natasa Stefanovska na BP

Крстевски најпрво го совлада Дамир Зидар од Босна и Херцеговина,откако борбата заврши 1-1 судиите победата му ја доделија на нашиот репрезентативец. Потоа се редеа победите над Александар Шестаков (Србија) 5-3, Садик Садик (Бугарија) 3-0 и Мерис Муховиќ (БиХ).

Во оваа категорија нашиот адут Берат Јакупи беше поразен од Зија Јашар од Турција со 3-6. А Жарко Арсовски (+84 кг) стигна до полуфиналето каде што изгуби од Слободан Битевиќ (Србија) со 1-4. , претходно славеше над Себастијан Будихна (Словенија) со 1-0, а со Емре Ипек (Турција) борбата заврши 0-0, нопобедата му припадна на Арсовски. Во репасажот го победи Един Сориќ (БиХ) 4-3, но во борбата за бронзениот медал загуби од неговиот сонародник Адмир Зикан со 1-4.

Dejan Crnicik na BP

И Мартин Несторовски добро стартуваше, победувајќи го Лука Дебрешек од Словенија 4-0, како и Тервел Звјатков (Бугарија) 8-0, но загуби од Србинот Дејан Умичевиќ со 0-2, а во репасажот беше поразен од Енес Еркан од Турција 1-2.

Во оваа категорија Огнен Груевски го победи Силвестер Гјолски (Бугарија) 3-0, а загуби од Велимир Јекниќ (Србија) 0-1.

И Енес Смаилагиќ имаше шанса да се избори за бронзениот медал, бидејќи првата борба во репасажот ја доби проти Драган Личина (Србија), а во клучната против Анес Цонго (БиХ) се бореше нерешено 2-2, при што победата му беше доделена на босанскиот репрезентативец. Смаилагиќ славеше против Стефан Петков (Бугарија) 1-0, а загуби од Љубиша Михаиловиќ (Црна Гора) 1-2.

Мартин Петрески и Иво Цветковски претрпеа порази од Серкан Јагчи (Турција) 1-0 и Горан Лучин (Хрватска) 6-1.

Pulioksenija na BP

Наташа Стефановска (-61кг) беше подобра од Мерве Балтај (Турција) 3-1, а загуби од Сања Цвркота (Србија) при 0-0, но таа отиде во финалето и ја извлече во репасаж во борбата за бронзен медал. Анамарија Несторовска имаше една победа и пораз. Ја совлада Кристина Свиленова (Бугарија) со 3-0,а изгубе од Мерве Чобан (Турција) 1-5. Во репасажот ги победи Марија Сусац (БиХ) 1-1 и Јована Перковиќ (Србија) 1-0. Анамарија Несторовска беше поразена во репасажот од Тина Мариќ (Србија) 0-4. Искра Каракаш во првиот настап беше поразена од Ана Ленард (Хрватска) со 0-4.

На Mоника Стефановска (-68 кг) и недостасуваше среќа да го освои бронзениот медал откао избуби во репасажот со 1-0 од Ивана Тубиќ од Хрватска. Таа ги победи Цас Тума (Романија) 3-0, Нуркан Чичек (Турција) 6-1, Тамара Покрајац (Србија) 4-1 и во полуфиналето загуби од Марина Раковиќ (Црна Гора).

Feri Isik na BP

Во категоријата над 68 кг Драгана Тодорова стартуваше сопобеда од 2-1 над Суада Мензил (БиХ), но со Бугарката Марија Плачкова борбата заврши 1-1, а победата и припадна на Бугарката.

Дејан Црничиќ одлично се бореше во категоријата до 67 кг, ако не беше првенството во Чачак, можеби ќе се бореше во финалето за златниот медал. Како што бевме известени од таборот на репрезентацијата Дејан Црничиќ бил оштетен од судиите во полуфиналето со Стефан Јоксиќ од Србија, за домашниот натпреварувач да победи со 3-1. Дејан претходно ги совлада Богдан Дукановиќ (Србија) 4-3, Николас-Кирјакос Спиропулос (Грција) 8-0 и Ервин Галиќ (БиХ) 5-0. Во борбата за бронзениот медал беше подобар од Црногорецот Јозо Дабовиќ, совладувајќи го 6-0. Сепак, и со овој резулатат обезбеди место во репрезентацијата на Европското првенство.

Во истата категорија Тодор Ристески беше поразен од Јозо Дабовиќ со судиска одлука, откако мечот заврши 0-0.

И Ико Ташов (-75 кг) се бореше во репасажот и ја доби борбата против Марин Хркач (БиХ) 1-0, но загуби со судиска одлука при резултат 0-0 со Младен Раилич (Словенија). Во првото коло Ташов загуби од Владимир Јовиќ (Црна Гора) 0-0, со судиска одлука. Ненад Келебиќ претрпе пораз од 4-0 од бурак ујгур од Турција.

Фери Исиќ во изведбата на кати беше подобар од фарук Споришевиќ (БиХ) 5-0, Ѓорѓе Сѓевиќ (Србија) 3-2, а во полуфиналето беше поразен од Младен Бериќ (Србија) 1-4. Во репасажот беше подобар од Иван Ерменец (Хрватска) 4-1. Додека Пуликсенија Јовановска прво ја совлада Турчинката Дилара Бозан 4-1, со истиот резултат славеше и против Јелена Лековиќ (Србија), а во полуфиналето загуби од Црногорката Бисера Радуловиќ 2-3. За бронзениот медал со Хрватката Влатка Киун салвеше со 3-2.

Маријана Димоска беше поразена во првото коло од Милена Јакшиќ (Србија) 2-3, додека нејзината сестра близначка Мишела ја победи Гергана Витанова (Бугарија) 3-2, но беше поразена од Србинката Ивана Степановиќ со истиот резултат.

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО