Срамен гест спрема „безживотниот“ противник го засени нокаутот за паметење на екс-борецот на УФЦ: Не знам зошто го напрвив тоа! (ВИДЕО)

Поранешниот борец на УФЦ, Дарон Круикшанк, денес ја прекина серијата од два последователни порази. 32-годишниот Американец со брутален нокаут во првата рунда го запре шампионот на Шото Коши Мацумото, но многу повеќе од спектакуларната завршница се зборува за неговиот срамен гест, а чии сведоци се сите гледачи на Ризин.

Имено, Круикшанк денеска со совршено висок удар го погоди својот јапонски ривал, а потоа, на онака онесвестениот, му го покажа средниот прст. Ниту Американецот не е свесен зошто го направил тоа, дури за момент ги збуни и коментаторите кои се прашуваа дали можби пропуштиле нешто во воведот на оваа борба.

„Не знам зошто му го покажав средниот прст на крајот на борбата. Сега, жалам за тоа. Имам големо почитување спрема мојот противник, Јапонците и целата Ризин организација “, се правдаше Крукшанк на Инстаграм по потег што ја одбележа неговата 19-та победа во кариерата.

https://twitter.com/Bestrafer7/status/993060512958038017

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО