Голем успех на ЏК Работнички на силниот џудо турнир „Илјадис“ во Грција (ФОТО)

Џудо клубот Работнички постигна забележителни резултати на силниот Меѓународен турнир „Илјадис“ во Аминдео, Грција, вчера и денеска. Во сенироска конкуренција освоија сребрен и бронзен медал, а во кадетска злато и три бронзи.

Един Дураковиќ (-100 кг) со две победи го освои бронзениот медал, а Тарик Рашити (-66 кг) сребрениот во сениорска конкуренција.

Во кадетска конкуренција Румејса Фејзулаху го освои златниот медал, на Хазир Пепиќ и Џенис Брачиќ по три победи и беа доволни за бронзите, додека Ханис Бралиќ (-66 кг) до третото место дојде со 4 победи.

На турнирот учествуваа преку 800 џудисти.

„Ова е добар успех за македонското џудо и за Џудо клубот Работнички  од Скопје“, изјави претседателот и тренерот на клубот, Ердал Факиќ.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО