Емилијаненко „го направи нервозен“ првакот на УФЦ, а по борбата порача: Подготвен сум да се борам секој месец!

Борбата Александар Емилијаненко и Габриела Гонзага од публиката во живо ја следеше УФЦ шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, кој беше специјален гостин на настанот во Екатеринбург, Русија.

Емелијаненко во главната борба на Russian Cagefighting Championship 2 настанот поранешниот УФЦ предизвикувач го заврши со технички нокаут во втората рунда.

https://youtu.be/ivszA6V5csc

Но, борбата не се одвиваше лесно за рускиот борец. БЏЏ мајсторот Гонзага повеќе пати држеше на подот што создаде неизвеснотс кај гледачите, вклучувајќи го и Нурмагомедов, кој се фотографираше со Емелијаненко по борбата и му честиташе на победата.

„Честитам Александар, ме направивте нервозен, но во нашиот спорт нема друг начин“, напиша непоразениот Дагестанец на неговиот Инстаграм со заедничка фотографија.

Откако излезе од затвор и се приклучи на чеченскиот Ахмат тим, Емелијаненко, од септември минатата година, влезе во 4 последователни победи со нокаут, од кои три во првата рунда. Во разговор Меч ТВ братот на славниот Федор рече дека сака да ја продолжи серијата и да се бори често.

„Се обидувам да ја задржам формата, бидејќи не сакам да го изгубам она што го имам сега. Ќе бидам подготвен да се борам секој месец, само да немам сериозни повреди“, рече Емелијаненко.

https://www.instagram.com/p/Bia5ON2lzpH/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО