Спектакл во Ријад! Фјури и Усик во пресметка за титулата апсолутен шампион во тешка категорија, неколку борби завршија

Се одбројуваат последните минути до големиот меч на боксерскиот спектакл во Ријад. Вечерва во рингот во Кингод арената двајцата непоразени боксери Тајсон Фјури и Александар Усик ќе се борат за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија.

Во тек се натпреварите на воведната програма, а се очекува да влезат во рингот околу полноќ!

Резултати од воведната програма:

Агит Кабајел го нокаутира Франк Санчез во седмата рунда во елиминаторскиот натпревар за титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Мозес Итаума го победи Илија Мезенчев со прекин во втората рунда во меч за слободниот шампионски појас на ВБО Интерконтинентал во тешка категорија.

Марк Чембрлен го нокаутира Џошуа Вахаб во првата рунда во борбата за сребрениот појас во лесна категорија на ВБЦ.

Робин Сираун Сафар го победи Сергеј Ковалев со едногласна одлука на судиите.

Давид Ника со прекин во четвртата рунда славеше над Мајкл Зајц.

Во главната борба на вечерта Фјури (34-0-1, 24 КО) го носи појасот на ВБЦ, додека Усик (21-0, 14 КО) на маса ги става титулите на ВБА, ВБО и ИБФ.

За прв пат по 25 години ќе се обединат четирите шампионски појаси во тешка категорија. Последен апсолутен шампион беше Ленокс Луис во 1999 година, кој со судиска одлука го победи Ивандер Холифилд.

Кралот на Ромите ја имаше последната борба во октомври минатата година кога со поделена одлука ја победи ММА ѕвездата Френсис Нгану, додека Усик го имаше последниот меч во август минатата година. Украинецот потоа во деветтата рунда го нокаутира Даниел Дубоа.

Преносот на натпреварот меѓу Фјури и Усик е на платформата ДАЗН, а ова ќе биде само нивна прва борба, бидејќи во договорот имаат клаузула за реванш.

Двајцата тешкаши ќе заработат добри пари од оваа борба, а според информациите што ги презентираше копромотерот на Фјури, Боб Арум, Џипси Кинг ќе помине многу подобро.

Имено, британскиот боксер би требало да заработи најмалку 100 милиони, додека Украинецот ќе однесе дома минимум 30 милиони долари.

Но, заработката треба да биде малку поголема кога ќе се додадат бонусите и делот од ТВ правата. Секако, се зависи од гледаноста, односно од бројот на продадени ППГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО