Роберто Ацковски го победи Арсов од Бугарија на Кејџид стил во Софија

Роберто Ацковски го победи Никола Арсов од Бугарија во кафез бокс на настано Кејџид стил 35 во Софија.

Поранешниот каратист Ацковски и Арсов си разменија силни удари.

И двајцата борци имаа свои моменти, при што Арсов покажа дека е излегол само за победа, кој прими сериозни удари од Македонецот, но не беше скршен.

Мечот заврши со одлука по три рунди во корист на Ацковски, кој зададе повеќето значајни удари во мечот.

Ацковски сега тренира во САД.

Фото: ФБ Ацковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО