Собранието на ФБСМ го разреши директорот на репрезентацијата Страшо Глигоров, го „испегла“ ЕП 2013

Вчера во Скопје се одржа отчетно Собрание на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), на кое, за жал, медиумите не беа повикани, нешто до минатата година беше задолжително.

На Собранието присуствувале 41 делегат од 22 клуба.

Од штурата информација што ја добивме на иницијатива на 22 клуба, донесена е одлука да биде разрешен директорот на репрезентацијата, д-р Страшо Глигоров, заради тоа што ширел лажни информации за борењето, со кои ги манипулирал клубовите и го нарушил угледот на македонското борење и Федерацијата. На негово место е назначен Сократ Ефтимов,поранешен борач и педагог од Струмица. Во исто време Страшо Глигоров е предаден на Дисциплинската комсија на ФБСМ.
Потоа дека едногласно се усвоени Извештајот за работењето и Програмата за работа за оваа година. Било констирано дека ФБСМ во овој период имала три контроли во работењето од независна ревизорска куќа и од Агенцијата за спорт и млади, кои не констатирале никакви проблеми.

Идната година во Македонија ќе се организира ЕП за борачи до 23 години.

Сепак, ако се погледне дневниот ред, многу е симптоматично зошто е исклучена јавноста од ова Собрание, бидејќи шестата точка на дневниот ред „Финансиски извештај од ревизија за 2013, 2014 година и записник информација од Управен одбор за вратени технички електорнски средства од ЕП 2013“ беше прашање кое изминативе години наназад предизвика многу бура во ФБСМ и јавноста. Паднаа или се откажаа претседатели и управни одбори. Ванчо Чифлиганец кој ја започна ревитализацијата по само неколку месеци се откажа од функцијата токму заради овој случај, кажувајќи дека политички притисок, а и Комисијата формирана од него на чуден начин се распадна. Потоа и новото раководство формира Комисија за истиот случај, со став дека ќе расчисти со минатото. На минатогодишното Собрание оваа точка повторно беше поставена на дневен ред, за сега да добие конечна разрешница дека се е во ред. Ќе остане да виси во воздух прашањето: „Каде завршија парите од Европското првенство во 2013 година“.

Од друга страна, има промени во Управниот одбор и измени на Статутот, а немаме известување.

Ипон ги побара официјалните извештаи, но до денеска не ги добивме.

 

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО