Фјури го откачи Вајлдер за реваншот: Кучкин сине, занеше за ова!

Тајсон Фјури го одложи реваншот против Дионтеј Вајлдер за ВБЦ титулата.

Тие се пресметаа минатата година на 1 декември во Лос Анџелес, по спектакуларната борба резултатот беше нерешен, а ВБЦ нареди реванш.

Сепак, Фјури неодамна потпиша договор од 80 милиони фунти со ЕСПН, тоа значеше дека реваншот со Вајлер е загрозен бидејќи тој има договор со Шоутајм.

„Вајлдер против Фјури не е наредната борба која ќе се случи. ВБЦ доби известување дека Фјури ќе има друга борба, иако Вајлдер има желба за реванш, борбата меѓу нив ќе биде поместена за друг датум, кажа првиот човек на ВБЦ, Маурицио Сулејман.

ВБЦ шампионот најверојатно во рингот ќе се бори со Доминико, а таа одлука не му се допадна на Фјури, кој одговори жестоко на Твитер.

„Кучкин син. Знаеме дека го кажа ова, зашто не сакаш да се бориш со мене. Си барал прво борба за загревање. Не те обвинувам, зашто и јас би го направил истото доколку мозокот ми е расфрлан низ целиот ринг“, порача Вајлдер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО