Осумчлена екипа на Макпетрол отпатува на Карате 1 Серија А во Салзбург

Макпетрол  со осумчлена екипа денеска заминуваат за Салзбург, Австрија на турнир Карате 1 Серија А, на кој се пријавени каратисти  и национални репрезентации од рекордни 99 држави со рекорден број на натпреварувачи вкупно 2057.

 За Салзбург патуваат:
1.Симона Заборска -55 кг
2.Моника Пендаровска -55 кг
3.Наташа Стефановска -61 кг
4.Моника Стефановска -68 кг
5.Анѓела Мојсовска -68 кг
6.Давид Петков -67 кг
7.Петар Заборски -75 кг
8.Петар Спасеновски -84 кг
9 Глигор Петков -84 кг

„Во Салзбург ќе биде пеколно тешко да се освои медал или, пак, да се оствари пласман меѓу 10-те најдобри од целиот свет. Ова што се случува во карате спортот, откако станавме олимписки спорт, до сега е незабележено. Сите светски велесили доаѓаат со своите комплетни состави за да освојат бодови и што подобро да се рангираат на официјалната светска ранг листа на ВКФ (Светската карате федерација), за учество на Олимпијадата во Токио 2020 година. Затоа и ние, како и сите останати, не смееме да останеме вон случувањата и решивме да одиме на сите турнири кои се рангираат и бодираат. Се надеваме дека во Австрија ќе имаме добар настап, бидејќи сите спортисти се одлично подготвени“, изјави тренерот на Макпетрол Бошко Заборски.

Во Салзбург нема да настапи само репрезентативката Сара Радичевска (-50 кг) поради санирање на полесна повреда и обврски на факултетот кои мора да ги заврши, велат од клубот.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО