14 медали за Хва ранг ИТФ на „Србија опен 2019“, дебитантите изненадија (ФОТО/ВИДЕО)

Хва ранг ИТФ на Меѓународниот таеквондо турнир од А-класа „Србија опен 2019“ во Суботица сезоната ја започна со 14 медали – 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали.

„На овај турнир настапивме со неколку нови дебитанти кои ни приредија пријатно изненадување , а некои се закитија со првиот медал. Најпријатно изненадување направија најмладите девојчиња, Христијана Парулеска која за малку не го освои првото место во борби -35 кг за девојчиња 8-10 години  и се закити со сребрен медал, додека Софија Колушоска беше тесно елиминирана во полуфиналето во борби -30 кг за девојчиња 8-10 години и ја освои боронзата. Пресреќните лица на овие две прекрасни девојчиња кажуваа колку им значи освоениот медал. Од дебитантите, Александар Пуцоски исто така изгуби во полуфинале и освои бронзен медал во категорија -60 јуниори 14-15 години, додека Мартин Патчев, во првата борба победи убедливо, а во четвртфинале загуби во  последните секунди добивајќи опомена, но покажа извонредна борбеност и желба за победа и ветува многу во иднина. Јане Димов оваа сезона ја започна со два златни медала, освојувајќи прво место во форми јуниори за син појас и борби јуниори 16-17 години +75 кг. Елена Јанеска која е носител на ученички зелен појас, во првата борба ја имаше искусната репрезентативка на Словенија носител на црн појас, но тоа за неа беше уште поголем предизвик, при што доминатно ја победи и отиде во полуфинале, каде што се сретна се со уште една носителка на црн појас. Но, нашата Елена бојата на појасот не  ја плашеше , па лесно ја совлада противничката од Србија. Во финалето се сретна со претставничката на БиХ и неа лесно ја совлада и го освои првото место во категорија девојки 12-13 години +55 кг. Близначките Анастасија и Ангела во форми за јуниорки за жолти појаси си го поделија златото и среброто со што ја продолжија нивната доминација во оваа дисциплина. Давид Крстески, нашиот фаворит, лесно помина два круга, додека во полуфиналето беше повреден и загуби од претсатвникот на Бугарија. Иако повреден, Давид во стилот на големите мајстори се бореше докрај, а му беше сугерирано да се прекине борбата поради неговата повреда. Премногу сум задоволен од  одличниот старт на оваа сезона, се вративме со 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали“,вели Марјанчо Лазаревски  претседател и тренер на клубот од Лескоец-Охрид.

На овај престижен турнир учетвуваа 37 клубови од 12 земји од Европа.

Освојувачи на медали се:

-Јане Димов -2 златни медала
1 место борби јуниори 16-17 години во категорија  +75 кг,
1 место Форми јуниори плав појас

-Елена Јанеска
1 место борби девојки 12-13 години +55 кг

-Анастасија Велјаноска
1 место форми јуниорки  жолт појас
2 место борби јуниорки 14-15 години -60 кг

-Ангела Велјаноска
2 место форми јуниорки  жолт појас

-Божидар Димитриевиќ
2 место форми јуниори  црвен појас
3 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијан Митрески
2 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијана Парулеска
2 место борби девоојчиња 8-10 години -35 кг

-Софија Колушоска
3 место борби девојчиња 8-10 години -30 кг

-Криситна Симиќ
2 место борби сениорки 8-10 години -62 кг

-Давид Крстески
3 место борби деца 10-11 години -40 кг

-Александар Пуцоски
3 место борби јуниори 14-15 години -60 кг

https://www.facebook.com/marjancho.lazarevski/videos/10218376489993357/

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО