Резултати Држвано првенство џудо: Пролетер и Миоки со најмногу прваци кај пионерите, Миоки и Ипон кај сениорите

На Државното првенството во џудо за сениори и сениорки што се одржа во Скопје изминатиов викенд во женска конкуренција најмногу шампионки има Миоки три, втор е Ипон со две, а Сеишин и Кожувчанка по еден, додека кај мажите само Ипон има двајца прваци, Пролетер, Преспа, Дрим Супер џудо и Работнички по еден.

Во вкупниот збир на медали кај сениорите и сениорките Ипон е со 4 златни пред Миоки со три, додека Пролетер, Преспа, Дрим, Супер џудо, Работнички, Сеишин и Кожуфчанка со еден.

Во сениорска конкуренција имаше 84 натпреварувачи од 12 клубови, 31 во женска и 53 во машка конкуренција.

Кај пионерките далеку пред сите е Пролетер со 5 прваци, Бушидо е со 2, Сеишин и Кожувчанка со 1, кај пионерите Миоки има тројца шампиони, Сеишин двајца, Пролетер, Преспа, Кожувчанка и Сенсеи по еден.

Во вкупниот збир Пролетер е најдобар со шест прваци пред Сеишин и Миоки со три, Кожуфчанка и Бушидо со два и по еден правк се Преспа и Сенсеи.

На првенството учествуваа 100 натпреварувачи – 38 во женска и 62 во машка конкуренција од 13 клуба.

Резултати

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО