Скандал на прес-конференцијата на Кличко и на Пулев

Сериозен скандал се случи на прес-конференцијата пред борбата меѓу Кубрат Пулев и Владимир Кличко.

Kllicko-prazen stoll

Бугарскиот боксер одби да присуствува на настанот, по постигнатиот договор на прес-конфренцијата можел да присуствува само боксерот, не и неговиот штаб. Токму затоа Пулев останал пред вратата на салата и не сакал да влезе во внатре.

„Штета што Пулев не е тука. Менаџерите му го испрале мозокот“, изјави Владимир Кличко во врска со отсутвото на Пулев.

Од менаџерската компанија на Кубрат Пулев „Зауерланд“ коментираа дека на прес-конференцијата требало да присуствуваат Пулев, неговите тренер, менаџер, промотор и ПР.

Oрганизаторите на дуелот, кои се од промоутерската компанија на Владимир Кличко, поставија празен стол на местото каде што требаше да биде бугарскиот боксер. Тие коментираа дека нема да дозволат да бидат уценувани од штабот на Пулев. Промоутерската компанија на бугарскиот боксер, сепак, дека и тие може да присуствуваат на прес-конференцијата, бидејќи на неа беа и менаџерите на Кличко, иако се јавуваат како организатори на мечот, затоа сметаат дека и тие го имаат истото право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО