Ништо од крвавата пресмета меѓу Кро Кап и Сатоши

Кро Кап за Нова година нема да се бори против Сатоши Ишии, олимпискиот шампион кого Мирко ова лето го победи, по паузата што ја направи. Возвратниот натпревар со Јапонецот мораше да се откаже поради тоа што Ишии е сериозно повреден.

 kro kap filipovic

Лидерите на јапонската боречка организација Inoki Genome Federation во вторникот потврдиja дека Филиповиќ ќe се бори на турнирот, но не против Сатоши Ишии.

Пресметката меѓу Кро Кап и јапонскиот златен олимпиец требаше да биде главниот настан на ноќта на Нова година на турнирот „Иноки Бом – Ба- Је 2014“, но тоа нема да се случи .

Ишии неодамна претрпел значителна повреда. Повредени се неговите ребра, а мораше да се откаже и од појавување на М-1 настан во Пекинг овој месец, пренесе Фајтсајт. Да потсетиме дека во својата прва борба на крајот на август, Филиповиќ лактот го поткачи Ишии по челото и го раскрвави, па судиите мораа да го прекинат натпреварот.

Она што сите најмногу ги интересира е кој ќе биде новиот противник на Мирко. Но, оваа информација засега е голема непозница и за организаторите. Она што е познато е дека на легендарниот Inokija ќе настапи поранешениот шампион во УФЦ и добар познаник на Кро Кап, Џош Барнет, но тој нема да се бори во делот на ММА програмата, туку во про- борење.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО