Шарло му се одмазди на Харисон и си го врати ВБЦ појасот (ВИДЕО)

Жермел Шарло (33-1, 17 КО) по втор пат стана светски шампион во супервелтер на ВБЦ.

29-годишниот Американец пред една година го претрпе првиот пораз во кариерата од Тони Харисон (28-3, 21 КО), кој го победи го со едногласна одлука и му го одзеде шампионскиот појас до 70 килограми.

 Во новиот меч во Онтарио, Шарло не препушти ништо на судиите и го заврши Харисон во 11-тата рунда.

29-годишната Харисон заврши на подот по левото кроше во средната на 11 рунда. Шарло не му дозволи да се опорави и со серија удари веднаш по броењето го собори уште еднаш.

Во тие моменти Шарло веќе почна да слави, но борбата продолжи. Сепак, Харисон не успеа да ја дочека последната рунда затоа што по новиот налет на Шрало судијата на негово незадоволство ја прекина борбата.

До тој момент мечот беше многу изедначен. Двајца судии го имаа Шарло во водство 96-93, додека третиот беше за Харисон 95-94.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО