Шабан Трстена: За жал, досега немаме ниту медали ниту македонски шампиони со олимписки норма

Во новата објава на Фејсбук олимпискиот шампион Шабан Трстена споредебно и советодавно се осврнува на неуспесите на нашите спортисти на големите меѓународни настани.

Така е во спортот, кој работи тој добива резултатим, посочува Трстена, по само 10 години тренирање ова дете стана нова ѕвезда во светот.

„Пред неколку месеци заврши Светското првенство во борење во Белград, каде што младата ѕвезда Ахмед Тажудинов му порача на Абдулрашид Садулаев: „Тргни ми се од патот. Мојот ред е да станам суперѕвезда“.

Ти благодарам Тажудинов што ја покажа одлична демонстрација на борби, како треба да се бориш за да станеш голем шампион. Благодарност и до Садулаев, кој беше и остана голем борач и одличен тренер-модел за уште еден нов херој.

Со овие фотографии и со пишување ви порачувам, Вие што сте на функција 30 години како тренери и селектори на репрезентацијата: Што направивте досега за 30-те години што раководите со овој спорт, освен што сè уште се занимавате и се фалите со шампионите пионери и кадети? Не заборавајте, јас Ш.Т, со само 6 години тренирање  со моите тренери, покојните легендарни Насе Насев и Хајруш Синани, го достигнавме врвот на Олимпот кога имав 19 години, во 1984 година.

Така, не случајно, по 10 години тренинзи, нова боречка ѕвезда стана 20-годишното момче Ахмед Тажудинов од Дагестан, Русија, (настапуваше за Бахреин-н.з.)  кој на Светското првенство го победи Абдулрашид Садулаев, непоразениот шампион од 2014. Сега тежинскста категорија од 97 килограми има нов крал и тој е апсолутен фаворит за освојување на златниот медал на Олимписките игри во Париз 2024.

Кога сите вие кои сте на должност со години и години работите, тренирате 365 дена со спортисти, уште колку години треба да чекаме да направиме наши македонски шампиони како мене или како сега младото 20-годишната нова боречка ѕвезда, момчето од Русија, Ахмед Тажудинов.

И покрај тоа што досега поминаа 30 години, Федерацијата обезбедила добри подготовки во други земји со квалитетна спортска опрема, многу добри услови за своите спортисти. За жал, досега немаме ниту медали ниту македонски шампиони со олимписки норма, затоа немам што да кажам повеќе. Но, како и секогаш,30 години  ги слушаме истите зборови:„Ајде сега, не се секирај, ќе биде добро“.

Со почит кон добрите луѓе што ја сакаат вистината Ш.Т.“, напиша Трстена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО