Тајсон Фјури и Френсис Нгану имаа отворен тренинг пред саботната пресметка (ВИДЕО)

Викендов во Саудиска Арабија се одржува голем боксерски спектакл предводен од мечот меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану.

За камерунскиот удирач тоа ќе биде прв боксерски меч во кариерата, па ретко кој му дава шанса против Џипси Кинг.

Но, на сите им е јасно дека еден добро темпиран удар може да биде доволен за да се заврши мечот меѓу двајцата големи нокаутери.

Саботниот настан во Ријад има многу интересна програма со неколку одлични натпревари.

Фабио Вордли и предизвикувачот Дејвид Аделај ќе се борат за титулата британски шампион во тешка категорија.

Мартин Баколе се враќа во рингот против Карлос Такам, кој неодамна го победи Тони Јока.

Тренинг-партнерот на Фјури, Џозеф Паркер се соочува со канадскиот тешкаш Сајмон Кин.

Наместо Агрон Смакиќи, кој ќе се бори против Арсланбек Махмудов во шоуто се приклучи и јуниорот Ентони Рајт.

Неколку дена пред настанот Тајсон Фјури и Френсис Нгану одржаа отворен тренинг и покажаа нешто од својот арсенал.

Претставниците на медиумите можеа да бидат сведоци на моќните удари на главните ѕвезди и нема сомнеж дека се подготвени да понудат голема борба. А како изгледаше тоа погледнете во видеата:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО