Дана Вајт: Не можев да го понижам Миочиќ и да му понудам борба за привремениот појас

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ по повеќе од две и пол години пауза требаше да се врати во октагонот на 11 ноември во меч за титулата на УФЦ во тешка категорија против шампионот Џон Џонс.

Но, борбата беше откажана откако Џонс го повреди рамото на тренинг, па мораше да оди на операција.

Главниот меч на настанот УФЦ 295 ќе биде за титулата во полутешка категорија меѓу Јиржи Прохаска и Алекс Переира, додека во конасловната борба ќе се соочат Сергеј Павлович и Том Аспинал во дуел за привремен шампион во тешка категорија.

Миочиќ така остана без настап, а дополнително објаснување даде и претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Стипе не се бори за привремен шампион. Најголемиот тешкаш на сите времиња требаше да се бори со најдобриот ММА борец во историјата. Тоа требаше да биде борба за наследство“, изјави Дејна Вајт и додаде:

„Да барам Миочиќ да се бори за привремената титула би било неправедно кон него. Не можев да го понижам и да му понудам борба за привремениот појас. Тоа требаше да биде борба на две легенди, нешто што ќе остане во наследство. Навивачите сакаа да ја видат таа борба, како и јас, а двајцата ја бараа“.

Шефот на најголемата светска ММА организација открива дека Џонс отишол на прегледи и првите информации не се баш добри.

„Мислеше дека се работи за полесна повреда, но се чини дека е нешто посериозно“, изјави Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО