Женскиот кумите тим стартуваше со победа на СП, машкиот ката тим се пласира во втората рунда

Женскиот кумите тим ја мина првата препрека на Светското карате првенство во Будимпешта, Унгарија, совладувајќи ја Јужноафриканската Република 2-1, одека машкиот тим загуби од Грузија 1-3.

Машкиот ката тим се пласира во втората рунда откако во групата (втора) го освои четвтртото место.

На СП учествуваат 988 каратисти со 1130 натпреварувачки влезови од 112 држави.

Резултати на СП:

Женската кумите екипа ја сочинуваат: Георгиева, Јовановска, Костовска, Мојсовска.

Македонија – Јужноафриканска Република 2-1

Македонија – Латвија

Машкиот кумите тим: Хаџи Кимов, Павлов, Месини, Петар Заборски, Спасеновски, Јакупи и Стефан Стојановиќ.

Македонија – Грузија 1-3

Кати тимот мажи е во втора група со 7 репрезентации: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски, Александар Спасовски и Андреј Стојановски.

Ката тимот беше четврти во групата со 36, 9 поени и се пласира во наредната рунда во групо од 8 репрезентации.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО