Сенсеи Зоран Пејов одржа семинар во КК Будо од Струга

На 24 ноември 2023 година, точно 19 години од заминувањето на една од најголемите карате до легенди О Сенсеи Таиџи Казе, во Струга се одржа карате до семинар во организација на Карате клубот „Будо“ на чело со сенсеи Сотир Настоски. Семинарот го водеше нашиот реномиран иструктор со меѓународно реноме сенсеи Зоран Пејов.

На семинарот се работеа изворни карате до техники од областа на кихон, ката и кумите. Беа демонстрирани и специфични техники од системот на Казе ха рју.

На семинарот учествуваа околу 60 каратисти.

„Големо беше задоволството да се биде дел од овој настан. Да се продолжи со патот на карате до исклесан многу одамна од карате до великаните како што е О Сенсеи Таиџи Казе и да се негува изворната вештина. Затоа што водата е најчиста од изворот. Нека е вечно делото на О Сенсеи Таиџи Казе!“, изјави Зоран Пејов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО