Сејџ Норткат: На деветгодишна возраст одлучив да станам УФЦ борец!

northcutt na  9 god

По импресивното деби во УФЦ, Сејџ Норткат рече дека пред десет години, додека се уште бил дете, знаел дека еден ден ќе се бори во УФЦ и дека последните десет години се подготвува токму за тоа.

Секако дека беше пресреќен Сејџ Норткат по импресивната победа во својот прв УФЦ настап. Многумина беа зачудени од така добриот настап, но фактот дека тоа создаде еден вид на возбуда уште пред борбата и во обложувалниците Сејџ беше убедлив фаворит против многу поискусниот Франциско Тревино.

„Луѓето велат дека немам искуство и доволен број на професионални ММА борби. Исто така, зборуваа дека не ми е местото во УФЦ и дека ми е рано за тоа. Но, јас се борам целиот мој живот и тоа не е ништо ново, само еден чекор напред во мојата кариера“, рече Сејџ, а потоа подетално го раскажа својот пат до УФЦ:

„Кога имав девет години одлучив да станам УФЦ борец и оттогаш се подготовува за ова. Тоа се десет години, замислете дека сакате некоја работа и десет години напорна работите и се подготовувате за интервјуто за тоа работно место. Секако дека на крајот ја добивате таа работа. Така и јас, десет години напорно работев за ова и секој ден размислував тоа и дојдов подготвен“.

https://youtu.be/3l18_dXx3MU

Навистина, во каратето освои се што можеше, имајќи импресивен почеток уште како дете. Со тоа се стекна со голема репутација во карате круговите, но уште тогаш во неговите мисли беше ММА.

„Тоа и го реков во 2006 година, кога се најдов на насловната страница на карате списание. Реков дека ќе се борам во УФЦ и тоа остварив. Го најавив тоа и, еве, се случи, само затоа што знаев дека ќе се оствари“, објасни среќниот Сејџ.

Беше запрашан кога може да се очекува неговиот следен настап, однонсо дали сака малку да се одмори и да ужива во победата или да се врати што е можно побргу.

„Јас сум подготвен уште сега. Да можев да се борам две борби во истата ноќ, јас ќе прифатев тоа, единственото нешто што требаше да го направам е да симнам неколку килограми пред новото мерење“, со насмевка рече на крајот новата УФЦ ѕвезда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО