Комплетирана фајт картата на „Фајт најт чемпион 3“ во Велес!

stefanovski udira

Фајт карата за „Фајт најт чемпион 3“ е комплетирана во Велес на 24 октомври во Велес, во која се вклучени исклучително добри борци од регионот и Македонија.plakat celosen za MMA Veles nov

Ова е прво издание на ФНЦ надвор од границите на Хрватска, а промотор за Македонија e ММА клубот Будо од Велес и неговиот претседател и тренер Раде Стефановски. Се очекува велешката сала „Гемиџии“ да биде исполнета до последното место, што ќе биде рекорд за ваквите приредби, но и за боречките спортови.

Коорганизаторот Раде Стефановки е сигурен дека  5.000 гледачи ќе го следат настанот.

„Направивме се што можеме да ги собереме најдобрите борци од овој дел на Европа, за да се испробат со нашите македонски борци. Очекувајте добра организација и добри борби“, порача Стефановски.
Супервизор на ова натпреварување е Франо Жижиќ (заменик претседател ЏЏK Ураган) ја најави организацијата на Фајт најт чемпион 3 за прв пат надвор од хрватските граници, која премиерно ќе биде одржана во кафез со вкупно 15 ММА борби во сите категории. Тој е уверен дека ова ќе биде голем спортски и туристички настан, бидејќи ќе се соберат многу атрактиви борци од овој дел на Европа.

Коорганизатор Раде Стефановски од Будо центарот Велес нема сомневања во добрата организација и е убеден дека ќе ја оправда укажаната доверба на промотор, и дека салата ќе биде исполнета до последното место, бидејќи интересот веќе сега ена завидно ниво.

Интересно е тоа што во утринските часови ќе се одржи аматерско граплинг натпреварување во кафез за јуниори и сениори, додека вечерта со почеток во 20:00 часот ќе започнат професионалните борби.

Еве ја целата фајт карта.

Прелиминарните борби:

1. Недрин Фјезовиќ (БиХ) – Филип Стефановски (МКД), -68 кг
2. Ален Капиќ (СЛО) – Џон Милошев (МКД), -72 кг
3. Гретел Вркиќ (ХРВ) – Марјан Марков (МКД), -70 кг

Главни борби на вечерта:

4. Едо Чаврк (ХРВ) – Тоше Цветков (МКД), -84 кг
5. Александре Затковски (МКД) – Анто Палавра (БиХ), -66 кг
6. Дејан Стефаноски (МКД) – Јасмин Вршкиќ (БиХ), -84 кг
7. Александар Ракас (ХРВ) – Ловро Кристо (БиХ), -77 кг
8. Милош Дујчиновиќ (СРБ) – Тео Радниќ (ХРВ), -93 кг
9. Ермин Хоџиќ (Б и Х) – Иван Гарчевиќ (ЦГ), -84 кг
10. Марјан Ангелески (МКД) – Џон Вициц (СРБ) + 93kg
11. Дамир Кнего (ХРВ) – Милан Врбиќ (СРБ), 93 кг
12. Христијан Граорски (МКД) – Петар Црмариќ (ХРВ), -66 кг
13. Домагој Обрадовиќ (ХРВ) – Милан Симоновиќ (СРБ), 93 кг
14. Дејан Трајковски (МКД) – Веда Исламовиќ (БиХ), -77 кг
15. Илија Андов (МКД) – Џевад Муфтиќ (БиХ), -66 кг

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО