Меѓународна сценаММА
Кјокушин ѕвездата Курбанов во ММА дебито го победи Тревис Фултон (ВИДЕО)
Еден од најдобрите кјокушин каратисти на сите времиња Лечи Курбанов вчера во Грозни го направи дебито во ММА.
Чеченецот на приредбата WFCA 9 се бореше со американскиот ветеран Тревис Фултон (251-51-10-1 NC), која е 313 борба во неговата кариера.
Пратен од бучната публика и претседателот на Чеченија, Курбанов до победата дојде поткако „Iron Man“ по првата рунда не можеше да продолжи.
https://youtu.be/9xMK-USzeeI
Во другите интересни борби Максим Гришин (21-6) со технички нокаут во третата рунда го запрен Бразилецот Жоаким „Мамутеа“’ Фереира (19-11), додека Јасубеи Еномото (13-6) во брилијантен меч со сабмишн во третата рунда го победи Шамил Завурова (27-3).




