Тоширо Суга ќе одржи семинар во Скопје

Suga so nasite instruktori

Аикидо клубот Хоши од Скопје од 9 до 11 октомври организира семинар со сенсеи Тоширо Суга, носител на 7-ми дан мајсторски појас.

Семинарот ќе се одржи во Будо центарот „Недеви“ во Кисела Вода.

Хоши е клуб за традиционално аикидо.

sugaaikido

Сенсеи Суга е еден од водечките инструктори во Француската аикидо федерација. Мајстор со големо аикидо искуство и реноме. Почитуван во целиот свет, кој одржал семинари во 22 земји, а во Македонија ова ќе му биде шести семинар.

Тој со аикидо се бави повеќе од 50 години и воедно е долгогодишен инструктор на француските и кандаските специјални единици.

Аикидо семинарот е одлична можност за прмоција и развој на аикидото и боречките вештини во Македонија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО