Сехудо: Гејџи ќе го уништи мачето Мек Грегор во првата рунда

Неодамна, Конор Мек Грегор објави видео од тренингот за подобрување на вештините во неговиот подрум. Ова не помина незабележано од Хенри Сехудо, кој како и „Озлогласениот“ е поранешен двоен шампион. Хенри е пријател со Џастин Гејџи, а ги застапува Али Абделазиз. „Трипл Ц“ верува дека неговиот пријател може лесно да се справи со Мек Грегор и реши да го коментира видеото од тренингот на Конор.

Сехудо смета дека Конор треба да ја подобри одбраната од соборување, а не умешностите во стенд-ап кои му донесоа победи во текот на изминатите  години.

„Точно тоа е проблемот со Мек Грегор. Тој треба да ги насочи тренинзите за подобрување на одбрана од рушење. Џастин Гејџи ќе го уништи тоа маче во првата рунда“, напиша Сехудо, кој ќе се бори против Жозе Алдо во Бразил во мај, при што ќе го брани појасот во петел категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО