Витали Кличко ги затега безбедносните мерки во Киев (ВИДЕО)

Поранешниот светски првак и актуелен градоначалник на Киев, Витали Кличко, презеде сериозни мерки против ширењето на коронавирусот во украинската престолнина.

Постариот од браќата Кличко е цврсто посветен на построги ограничувања на болеста, што го парализира светот.

Од 23 март, јавниот превоз ќе биде достапен само за здравствени работници, волонтери, службеници за спроведување на законот, фармацевти и чистачи.

Метрото во главниот град е запрено по налог на градоначалникот. Во последниот ден во Украина се пријавени 15 нови позитивни тестови, со што вкупниот број заразени е на 41.

Уште од ширењето на вирусот, Витали Кличко се спротивстави на либералните мерки предложени во земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=G8-K1-Gxx8I&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО