Џесика Андраде се подготвува во гаража за УФЦ 249

Џесика Андраде се подготвува за втората пресметка со Роуз Намахунас, закажана на УФЦ 249, што ќе се одржи на 18 април.

Сè уште не е познато каде точно ќе се одржи настанот затоа што Њујорк одби да биде домаќин. Дана Вајт не престанува да бара нова локација, за да не го откаже настанот кој ќе го предводат Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

„Бате Естака“ беше во серија од четири последователни победи, но минатата година ја загуби титулата во сламка категорија од Вејли Жанг, а сега ќе се бори со Намахунас за да се здобие со статусот предизвикувач. Џесика и Роуз веќе еднаш се борае Бразил пред 1 година. Тогаш Роуз почна многу силно и ја собори конкурентката, но Џесика се созеде и ја нокаутира со тежок удар и го освои појасот во нејзината татковина.

Вака тренира Бразилката за претстојната средба:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО