Седум медали за Дан кју на „Источно Сараево опен“, Катерина Ацевска најдобар борец

На Меѓународниот џиу џицу турнир „Источно Сараево опен“ во Босна и Херцеговина, натпреварувачите на Дан кју постигнаа голем успех, се закитија со 7 медали – 3 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Медалите ги освоија:

Јаким Колевски – златен во бори и сребрен во не ваза;

Катерина Ацевска – злато во борби, злато во  неваза и пехар за најдобар женски борец;

Зоран Колевски – сребро, борби;

Антонио Стојчески – бронза, борби;

Марија Треневска – бронза, борби.

Турнирот се одржа во источно Сараево, Р.Српска, на кој учествуваа 417 натпреварувачи од 25 клубови од 7 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО