Младинците на Бутел освоија 14 медали на „Арес Ниш опен“

Младинците на Таеквондо клубот Бутел постигнаа голем успех на Меѓународниот турнир „Арес Ниш опен“, освојувајќи 14 медали – 3 златни, 4 сребрени медали и 7 бронзени.

Бутел во севкупниот пласман доби пехари за второ место на турнирот во јуниорска и во пионерска категорија.

Најдобар борец е Дарко Георгиевски кој освои златен медал во јуниори до 63 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО