Девин Хејни и во реваншот убедлив против Џорџ Камбосос

Непоразениот Девин Хејни (29-0, 15 КО) ги одбрани појасите на светски шампион во лесна категорија ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО.

Американскиот боксер со едногласна одлука во реваншот во Род Лејвер арената во Мелбурн го совлада Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор (20-2, 10 КО) и ја потврди титулата апсолутен светски шампион.

Хејни беше успешен и во јуни кога со одлука на судиите убедливо го совлада Камбосос.

„Знаев дека бара добра шанса, па сакав да ги покажам сите мои вештини кои ги имам во мојот арсенал“, изјави Девин Хејни и додаде:

„Вечерва мојата десна рака победи во борбата“.

Двајцата влегоа претпазливо во мечот, а во овој тест на силите, судијата Кацухико Накамура го опомена Хејни дека го држи противникот.

Во третата рунда Камбосос извонредно го погоди Девин, со што го предупреди Американецот дека мора да биде многу порешителен во продолжението.

Хејни во четвртата и петтата рунда му се спротивстави на Камбосос доволно добро и ги однесе двете рунди.

Во седмата рунда американскиот боксер на Австралиецот му направи исеченица над левата веѓа, а потоа  уфрли во поголема брзина.

Во последните четири рунди доминираше Девин Хејни кој на крајот стигна до нова убедлива победа, сите тројца судии бодуваа во негова корист: 119-109 и двапати 118-110.

„Кога влеговме во рингот, не очекував дека ќе се промени. Но, веднаш ја фатив неговата техника и вештини и почнав повеќе да ги бирам моите удари, изјави Хени и додаде:

„Тој е воин. Капата долу за Џорџ Камбосос и сите австралиски фанови. Ви благодарам што толку убаво ме угостивте“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО