Се снима филм за настанокот на УФЦ

Неверојатната приказна за настаконот и подемопт на УФЦ ќе биде раскажана на големиот екран.

Ултимејт фајтинг чемпионшип својата прва приредба ја одржа на 12 ноември 1993 година во Денвер, а Ројс Грејси беше победник на турнирот на осумината кој се одржа без тежински категории и рунди.

Филмот е снимен од Мандалеј спорт медиа, а ќе се вика „Грејси“.

Во поголем дел приказната ќе биде посветена на Рорион Грејси, кој заедно со Арта Дејви ја основаа организацијата.

Идејата за основање на УФЦ беше да му се покаже на светот дека бразилскиот џиу џицу е најефикасен начин за борба.

Филмот ќе ја раскаже приказната за настанокот на салата на Грејсиеви, изборот на борци за првиот турнир и впечатокот на Ројс Грејси што го остави на следните генерации љубители на боречки вештини.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО