Ломаченко се враќа во декември

Феноменалниот украински боксер Васил Ломаченко ќе врати во рингот во декември. Сега се опоравува од повредата. Шампионот во три различни категории се надева дека ќе и се врати на тренинзите во октомври.

„Дотогаш ќе одржувам форма, бидејќи во моментов ми е забрането да се подготвувам и да правам спаринзи. Се надевам моето враќање ќе биде на 8 декември.

Тогаш е роденденот на Боб Арам. Слушнав дека ми планираат меч со Белтран, но тој пред тоа мора да ја одбрани титулата. Ако не, тогаш ќе преговараме со друг шампион“, истакна Ломаченко.

https://youtu.be/5VeieSRCjnY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО