Се работи на боксерскиот спектакл Пакијао против Ломаченко!

Откриен е датумот кога Мани Пакијао ќе го направи следниот меч, а за неколку дена и противникот ќе биде потврден, но се откри уште една интригантна информација. Се работи на негова средба со Васил Ломаченко.

Боб Арум денеска на прес-конференција изјави дека Мани Пакијао својот следен меч ќе го има на 14 април и дека ќе се емитува на ЕСПН. Сепак, многу поинтересна информација доаѓа од тренерот на Мани, Фреди Роуч, кој вели дека се работи на борба против Васил Ломаченко, кој во тој случај би се одржал на крајот на годината.

Пакијао најверојатно би требало да се борат против Мајк Алварадо во Медисон сквер гарден, а интересно е што Филипинецот по долго време ќе биде дел од воведните борби на еден настан. Ова е боксерски спектакл предводен од Теренс Крафорд и Џеф Хорн, австралиски боксер кој точно пред една година го совлада Пакијао. Мани од тогаш не се бореше и ова треба да биде повратнички меч, но околу 39-годишната боксерска легенда има уште поинтересни планови.

Оваа средба Пакијао би требало да ја одработи до 67 килограми, а потоа би требало да се подготвува за симнување на килажата, барем според она што го изнесе Роуч. „Ломаченко ќе се бори до 61,5 килограми, по што ќе треба да се бори со Мани во категоријата до 64,5 килограми“, рече легендарниот боксерски тренер.

Ломаченко досега претежно се бореше до 59 килограми, но порано изјави дека е подготвен да оди во повисока категорија, ако се појави добра можност. Инаку, тој е четири сантиметри повисок од Пакијао, но е помал во опсегот на рацете, поради различната конституција. Што се однесува до следниот натпревар на Ломаченко, на некои бокс-портали се споменува мај, а дебито во лесна категорија (до 61,5 кг) би требало да го чека првиот борец на светот во таа категорија, спрема Boxrec, и носител на ВБЦ и Ринг титулите, Хорхе Линарес. Меѓутоа, денес, од промоцијата Голден бој, која го застапува Линарес, дојде соопштение дека понудата за тој меч, од страна на Топ ранк на Арум, сè уште не дошла.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО