Хари: Јас се борам за леб. Појасите за светски шампион се добри само за собирање прашина

Бадр Хари беше одмерен на прес-конференцијата пред реваншот со Хесди Гергес.

Нивната прва борба во мај 2010 година беше прекината во втората рунда откако Хари со нога го удри Египјанецот во главата додека беше на подот, а со тоа ја изгуби титулата на на „Тоа е Шоутајм“ кој го освои претходната година нокаутирајќи го за 45 секунди Семи Шилт.

„Такви работи се случуваат. Бев млад. Мислам дека сега сум на врвот на зрелоста“, рече Хари.

„Во таа борба ми ја одзеде титулата, но мислам дека тоа беше кражба. Ја освои титулата на начин на кој мислам дека дури и тој не сакаше да ја земе. За такви работи сакате да се борите, а не да ги добиете со дисквалификација. Мислам дека ова и за него е недовршена работа и јас сум тука за да му го дадам она што го сака“.

33-годишниот Гергес е со ист став.

„Првата пресметка беше пред осум години. Кога ќе погледнам наназад, таа борба како никогаш да не заврши. Тука сме за да ја завршиме и да и покажеме на младите луѓе дека можеме да го направиме тоа на вистински начин“.

Хари не можеше да го избегне прашањето за реваншот со Рик Верховен, но не сакаше многу да зборува за тоа.

„Таа борба се уште не е договорена. Разговорите моментално стивнаа, а јас доаѓам само кога платата е добра. Впрочем, прашања во врска со Рико се непристојни. Она што е важно е борбата на 3 март против Хесди Гергес. Хесди е опасен противник против кого, ако не сте многу подготвени може да изгубите. Рико ова веројатно го гледа на телевизија, знам дека постојано гледа телевизија, па сигурен сум дека го гледа и ова“.

„Јас се борам за леб. Појасите за светски шампион се добри само за собирање прашина. Јас прво ја гледам дали добро се плаќа борбата. Ако парите се добро ќе дојде до борба“.

Покрај тоа што беше шампион на Шоутајм, Хари беше и првиот K-1 шампион во категоријата до 100 килограми. Титулата ја освои во 2007 година на Хаваи нокаутирајќи го со висок удар (хај кик) во првата рунда Јусуки Фуџимото.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО