Рој Џонс го одработи мерењето за прошталниот меч (ВИДЕО)

Рој Џонс Јуниор (65-9, 47 КО) го направи мерењето за прошталната средба во Пенсакола, Флорида.

49-годишниот Американец се бори против 19 години помладиот Скот Сигмо (30-11-1, 16 КО).

Џонс имаше 90,3 килограми, а неговиот противник 87,7.

Сепак, треба да се земат со резерва најавите за прошталниот меч, бидејќи самиот Џонс, кога беше најавена оваа борба, прво рече дека ова е збогум во родниот град, а не последното поглавје од неговата кариера.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО