Во Охрид се одржа 20. семинар за „Уечи рју Окинава карате до“ на Окикукаи Македонија (ФОТО)

Во периодот од 28 до 31 јули во Охрид се одржа редовниот 20-ти семинар за „Уечи рју Окинава карате до“ во организација на Окикукаи Македонија (Карате клуб Окинава од Велес) кои се единствени претставници за овој изворен карате стил кој потекнува од Окинава, Јапонија.

На семинарот учествуваа петнаесет каратисти од Велес, Охрид и Белград. Семинарот беше од едукативен карактер, но се одржа и полагање за дан (мајсторски) и кју (ученички) рангови.

Инструктори на семинарот беа Милан Димитриески 7-ми дан (кјоши) од Окикукаи Србија (Санчин доџо) Белград и Боре Видевски 4-ти дан (џун шихан) од Окикукаи Македонија (Карате клуб Окинава, Велес).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО