Даниел Кормиер ја поддржа идејата за меч меѓу Тони Фергусон и Ден Хукер

Даниел Кормиер нема ништо против да се организира бробаа меѓу Тони Фергусон и Ден Хукер.

Поранешниот шампион, а денешен коментатор на УФЦ, смета дека и двајцата веќе не се на врвно ниво, па не им треба меч против врвни борци.

Ел Кукуј има четири последователни порази од Џастин Гејџи, Чарлс Оливеира, Бенеил Дариуш и Мајкл Чендлер.

Фергусон загуби од Чендлер со нокаут на почетокот на втората рунда во мај.

Хукер има четири порази во последните пет борби, губејќи од Арнолд Ален со прекин во првата рунда во март.

„Во овој момент не сакам да го гледам Тони Фергусон против борци од врвот на категоријата. Го мислам истото и за Ден Хукер“, изјави Даниел Кормиер и додаде:

„Најдобро би било Тони и Ден меѓусебе да се борат, тоа е исто како кога ги гледавме Лузон и Цероне. Нека се борат со некој на нивно ниво“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО