Се очекува борба меѓу Фјури и Пулев

Професионалната боксерска легенда Боб Арум очекува Кубрат Пулев (28-1) да се сретне со Тајсон Фјури (29-0-1) за титулата апсолутен шампион во тешка категорија во рок од една година. Сопственикот на Топ ранг ги држи правата на двајца, што може да го направи повторно највлијателниот човек во спортот. Тој го повтори мислењето дека Пулев ќе го нокаутира Ентони Џошуа (23-1) и ќе ги собере појасите на ИБФ, ВБО, ВБА и ИБО.

Покрај тоа, 88-годишниот милијардер е убеден дека Фјури ќе му го нанесе првиот пораз на Дионтеј Вајлдер (42-0-1) на 22 февруари  и ќе му ја одземе титулата во ВБЦ.

 „Џошуа ќе падне на газот. Овој меч ќе биде при крајот на мај. Откако Пулев ќе го нокаутира, повеќе нема да го гледаме Ентони. Видов колку е ранлив Џошуа во дуелот со Енди Руиз. Ако Пулев победи, ќе ги имам двата светски шампиона и ќе видиме што ќе се случува. За една година, ќе видиме апсолутен господар во тешка категорија“, коментира Арум.

Во меѓувреме, британскиот надежен боксер Даниел Дубоа (14-0) е со поинакво мислење. 22-годишниот талент, со прекар Динамит, ги смета за лесен плен Кобрата и Александар Усик.

„Пулев го помина својот врв и мислам дека ќе биде лесен избор за Џошуа. Усик е помал и ја нема потребната сила да се справи со него. За мене, тешката категорија е широко отворена во моментов. Ниту еден боксер не може да се смета за најдобар на светот. Ми дава надеж дека наскоро ќе ја искористам шансара“, рече Дубоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО