Хабиб се подготвува за пет рунди војна со Фергусон во која ќе го смачка

Хабиб Нурмагомедов влегува во најголемиот предизвик во кариерата. Тој ќе се бори против Тони Фергусон за одбрана на титулата во лесна категорија во главната борба во април на УФЦ 249 во Бруклин. Тие се најдобри во категоријата и се во серија од 12 последователни победи. Битката меѓу нив веќе 4 пати пропаѓаше и сите се надеваат дека 5-тиот пат ќе имаат среќа.

„Орелот“ сè уште не знае за пораз и има скор од 28-0 во ММА. Фергусон е со скор 25-3 во кафезот и не загубил веќе 8 години. Ел Кучуј има освоено 9 бонуси на последните 9 натпревари, но Хабиб има само 1 загубена рунда во кариерата.

Навивачите очекуваат здрава борба меѓу нив, а Хавиер Мендез, кој е тренер на Хабиб, изјави дека ќе гледаме војна во пет рунди во која неговиот борец ќе го смачка Тони.

„Не треба да заборавите дека Хабиб е кардио машина. Тони Фергусон исто така е кардио машина и ќе биде таму во 5-тата рунда, но што одо тоа? Хабиб е активен и свеж во 5-тата рунда. Не очекувам завршница во таа средба. Очекувам војна која ќе трае пет рунди.

Очекувам војна, која ќе стигне до разрешница и во неа Хабиб ќе го смачка. Тоа е нешто што го предвидувам и се подготвувам. Треба добро да се подготвиме, затоа што Тони е најголемиот предизвик. Мораме да го почитуваме. Почитта ни ја има и треба да биде така, затоа што во спротивно Тони ќе не смачка.

Го цениме Тони и неговиот кардио. Да, Фергусон ќе го истера пет рунди. Хабиб истото ќе го направи, кога сте го виделе Нурмагомедов изморен?“, изјави Мендез.

https://www.instagram.com/p/B7y-sdiKE2_/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B7uJpDRB5hb/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО