Сашко Арсовски: Едноставно, се случи заслуженото, ја покоривме Европа во карате спортот!

По пласманот на Емил Павлов (-60 кг) во финалето на Европското карате првенство за сениори во Нови Сад и обезбедената борба за бронзен медал на Ангела Мојсовска (-68 кг) го побаравме од тренерот на репрезентацијата за борби Сашко Арсовски оцена за настапот на нашите натпреварувачи во поединечна конкуренција.

„Работата си го прави своето. Долго време се подготувавме за овој настан. Едноставно, се случи заслуженото, ја покоривме Европа во карате спортот. Нашиот најдобар спортист,мислам во Македонија, пак е во финалето. По 4 години Македонија слави, а посебно Карате клубот Штип (матичниот клуб на Павлов – н.з.) со најмладите каратисти заедно. И на Ангела и на Емил до сабота ќе и ги пренесам моето искуство и моите совети, за да дојдат до посакуваниот резултат и на крајот сите да славиме“, изјави Арсовски за Ipon.mk.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО