Џошуа му се обрати на Кличко: Ти си енциклопедија, те сакам во мојот агол, ја сакам твојата мудрост!

БиБиСи вчера емитуваше многу интересен документарец, во чиј центар беа Ентони Џошуа и Владимир Кличко. Особено интересен беше нивниот разговор пред камерите.

Џошуа и Кличко се најдоа лице в лице за прв пат по нивниот фантастичен меч, што се одржа во април минатата година. И тоа на стадионот Вембли каде што го одработија мечот, а сето тоа снимаа камерите на БиБиСи. На тој начин Џошуа на својот поранешен противник, но и идол, му кажа се што мисли за него. Беше многу убаво да се слушне тоа, како навивачите, така секако и од Украинецот.

https://www.facebook.com/BBCOne/videos/10155794091980787/

„Твоето знаење е како енциклопедија и неверојатно многу би вредело на секого накого би можел да му го пренесеш, а се надевам дека тоа може да бидам јас. Каде е можно да се пронајде поголема мудрост и знаење, туку од тебе“, му рече Џошуа на Кличко, а потоа рече уште нешто за Украинецот само за камерата:

„Кличко зборува 50 јазици, има диплома од секоја универзитетска наука и неговиот мозок е над овој код на повеќето луѓе“.

Потоа повторно му се обрати на Кличко: „На ваков начин те вработувам, вработен си! Што и да ти треба, само речи, мој си”!

Потоа дојде редот на Кличко да се обрати на својот наследник.

„Мислам дека имаш се што е потребно за да доминираш во овој спорт многу години. Но внимавај на здравјето, тоа нека ти биде најважно. И никогаш, баш никогаш, немој да потцениш ниту еден противник. Би бил многу среќен ако можам да ти помогнам да постигнеш што поголем успех“, рече 41-годишниот легендарен шампион.

Џошуа моментално поседува три елитни титули и му недостасува само оној што се ноаѓа кај Дионтеј Вајлдер. Двајцата би можеле конечно да го направат тој меч оваа есен, а Кличко уште ја истакна својата прогноза:

„И двајцата беа во мојот тренинг камп и со двајцата поминав многу рунди во рингот. Тие се различни типови на борци спрема тоа како ги бираат ударите. Но, силата на еден удар, атлетството и фактот дека олимпискиот шампион е со одлична аматерска позадина, е нешто што Вајлдер го нема. Тоа би можело да одигра многу важна улога и со нетрпение го очекувам натпреварот“.

Ако се договори мечот, кој знае, можеме дури да го видиме и Кличко во аголот на Ентони Џошуа. Секако дека тој ќе биде големо заслување за неговиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО