Европски и светски првенстваКарате
Сара Радичевска за бронзен медал против европската шампионка Бетина Планк
Сара Радичевска за бронзениот медал на Светското универзитетско првенство (СУП) ќе се сретне со европската шампионка Бетина Планк од Австрија. Борбата за медалот е во сабота.
Радичевска првата борба против Аликс Хернандез Слазар од Мексико ја одби со судиско изјаснување при резултат 0-0, а во втората загуби од Јапонката Михо Мијахара со 6-0. Сепак, таа и овзоможи борби во репасажот, затоа што се пласира во финалето.
Радичевска ја искористи укажаната шанса и првата борба во репасажот ја одби убедливо со 5-0 против Белгијката Надија Отен.
Моника Стефановска (-68 кг) беше поразена со 1-0 од Мексиканката Џесика Паола Гарсија.
Ipon.mk/В.Д.




