Само Реџелари имаше победа од нашите борачи!

40

Screenshot 2015-06-18 07.41.19

Јасин Реџелари во ¼ финалето на Европските игри во Баку категоријата до 61 килограм загуби од Бугаринот Радослав Великов со 3-0.

Во првото коло Реџелари со 5-4 го победи Криштоф Биенковски од Полска. Прв поведе Полјакот во првата рунда со 4-2, во втората Јасин тргна посигурно, најпрво изеданчи на 4-4 и на 10 секунди до  карјот поведе со 5-4. Последната нивна средба заврши со победа на Полјакот од 12-1.

Нашата најголема надеж Халил Зубаиров (-86 кг) е поразен од Полјакот Радослав Марцинкиевич со 4-2, при што клучните два поени на неговиот противник беа напарвени на 10 секунди пред крајот при резултат 2-2. Прв победе Марценкиевич со 2-0, потоа Зубаиров изедначи.

 Бобан Данов (125 кг) со исклучително силниот Гени Петријашвили од Грузија немаше многу можности за поволен исход. Борбата заврши со технички туш во корист на Грузеицот, односно направи разлика од 11-0. Резултатот се движеше 3-0, 5-0, 7-0, 9-0 и 11-0.

Нашите борачи може да се надеваат на репасаж ако нивните противници се пласираат во финалето. Полјакот Марценкиевич (-86 кг)во ¼ финаелто го совлада Аибуев од Франција со 8-1, но во полуфиналето наиде на беспрекорниот Садулаев од Русија, кој го совлада со технички туш, така што пропадна можноста Зубаиров да се бори во репасажот. Исто така и Петријашвили (125 кг) е полуфиналето, а Реџелари ќе навива за Бугаринот да влезе во финалето.

За жал, никој не влезе во финалето од посочените борачи, па така отпадна можноста нашите борачи да ја бараат шансата за добар пласман преку репасажот.

 ipon.mk/В.Д.